ВИДЕО: Жените повеќе од мажите се изложени на прекршувања на работничките права за време на пандемијата

Според истражувањата на организацијата Реактор, Република Северна Македонија ја дочекала кризата со пандемијата со речиси тројно поголема стапка на невработеност споредено со Европската унија. Родовата разлика во вработеноста кај жените и мажите во земјата е двојно поголема од европскиот просек, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Васка Лешоска, истражувач од организацијата Реактор.

-Жените се повеќе погодени кога станува збор за загрозеноста на работните места во кризата со пандемијата и тоа на два фронта. Од една страна, во трудово интензивните и ниско платените индустрии, како што се текстилната и кожарската индустрија, каде 80 отсто од вработените се жени, тие секојдневно се соочуваат со прекаријатот и со флагрантни прекршувања на работничките права, со закани за исплата на помали плати од минималните, закани за отпуштање. Од друга страна, жените се на првите борбени линии за справување со кризата. Во државата од 74 до 77 отсто од вработените во здравствената заштита се токму жени. Исто така, во сферата на неплатениот труд, жените исто така го понесоа и товарот на затворените училишта и градинки. Дури и пред пандемијата, жените извршуваа 72 отсто од неплатената грижа за децата и домаќинството, а во кризата жените беа доведени во ситуација да избираат дали ќе го задржат работното место или ќе се посветат на грижата за децата- вели Васка Лешоска, истражувач од организацијата Реактор.

-Според неа, при формулирањето на мерките за справување со кризата, владата треба да се консултира со граѓанските организации кои се застапуваат за унапредување на женските права. Така, на пример, со мерката да се ослободат вработените кои имаат деца на возраст до 10 години, токму жените кои, во нашето општество, сè уште се повеќе посветени на грижата за децата, во реалноста, бидејќи многу работодавачи не се придржувале кон ова и жените, користејќи ја мерката се соочиле со родово базирана дискриминација на работните места- вели Васка Лешоска, истражувач од организацијата Реактор.

Целиот разговор проследете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот