ВИДЕО | Жагар: Јавноста треба да се информира за предностите на медијацијата во судските спорови

Беба Жагар од Институтот за европска политика
Беба Жагар, Институт за европски политики / Утрински брифинг

Идејата на проектот кој што завршува во август 2022 година е да направиме промоција на медијацијата во судските спорови, со цел што е можно поголема примена во РС Македонија. Овој проект е поддржан, односно финансиран од Холандската амбасада, а наши партнери на проектот се Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, потоа Комората на медијатори на РС Македонија и секако Холандската федерација на медијатори, изјави во Утрински брифинг Беба Жагар од Институтот за европски политики (ЕПИ).

Жагар вели дека во рамките на проектот направени се истражувања, односно анализи за примената на медијацијата која што е направена врз основа на претходно важечкиот Закон за медијација.

-Можеме да кажеме дека според бројките што ги имаме, медијацијата во РС Македонија се применува што е можно повеќе во однос на претходните периоди, вели таа.

Жагар вели дека според податоците од е-регистарот во периодот од 2016 до 2021 година, 2511 спогодби се заведени, од коишто 55% завршиле успешно, што според Жагар е за пофалба.

-Најголемите успеси медијацијата ги бележи во работните спорови, околу 91%, вели Жагар.

Жагар вели и дека не треба да се заборави дека медијацијата е релативно нов концепт кај нас, а главните причини зошто медијацијата е на незадоволително ниво се недоволните промоции на медијацијата, недоволната информираност на јавноста, на странките за предностите на медијацијата, додава Жагар.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот