ВИДЕО | Зграда се урна во Мексико, не се знае дали има жртви

Фото Твитер

На социјалните мрежи се појави видео од моментот кога се урна зграда во Тихуана, Мексико. Застрашувачкиот момент е снимен на камера и прикажува како зградата се лизга по рид и завршува на улица.

На видеото што го објави градоначалникот на градот, Монсерат Кабаљеро, се гледа како се крева облак од прашина, додека работниците се на местото на настанот.

Уривањето на зградата е предизвикано од свлечиште, додека тоа е второ во околината за неколку дена, велат од општинската власт.

Засега не се знае дали има жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот