ВИДЕО | „Здрава околина“: Сплотен народ сме – рудник во Иловица нема да има

Вишиот Управен суд ги одби двете жалба како неосновани и се потврдува одлукат ана Управниот суд кој што всушност и налага на Владата да ја разледа ситуација, утврди фактичката состојба, да одговри на прашањето што една друга владата требало да оговори за спојување на двете концесии и на крај да донесе одлука врз база на тие две анализи, рече во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Костадин Ристоманов од „Здрава котлина“.

-Ние очекуваме некој правна правда од Вишиот Упшравен суд, но како што обично тоа бива, судовите одлучуваат само по тоа што е предмет, односно жалбите во двете вмешани страни, не впуштајќи се во анализа на причините и на настаните кои довеле до ваквата состојба. Разочарани сме, но топката е кај Министерството за економија и владата која дозволила да дојде до оваа ситуација, и очекуваме одземање на концесијата, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Костадин Ристоманов од „Здрава котлина“ говорејќи за тоа што Вишиот управен суд повторно го отвора прашањето за рудникот Иловица, одбивајќи ја жалбата на второстепената државна комисија за управни спорови. Ова значи дека се поништува одлуката на државата за раскинување на договорот за експлоатација на концесионерот на Иловица, Еуромакс Рисосрсис.

-Но ние сме оптимисти. Сплотен народ од југо – источниот регион се противи на оваа идеја што значи смрт за се што е живо овде, така што мислам дека и Владата и министерството ќе имаат сенс за ова прашање, вели Ристоманов кој додаде дека не се исполнете законските обврски за ниту една концесија и не се напревени сите постапки легално и транспарентно, без дозвола за спојување на двете концесии веќе се изработени нови студии во кои пиува дека ќе се употребуваат отровни материи.

Не е запазена законската процедура, државата може сега мирно да им одговори во судот, вели Ристоманов.

Целиот разговор погледнете го во видеото: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот