ВИДЕО: Заврши заложничката драма во Санкт Петербург, Денис Белтјуков се предаде

Денис Белтјуков

Мажот кој руските медиуми го именуваат како Денис Белтјуков во предградие на Санкт Петербург, Колпино, држеше во заложништво шест деца, се предаде на полицијата.

Како што јавија руските медими децата од станот биле извадени од лекарите.

Претходно, Министерството за внатрешни работи во Санкт Петербург соопшти дека полицијата добила повик од жена која била исфрлена од станот од страна на сопругот. Тој потоа се заклучил во станот заедно со шесте деца на возраст од три до 15 години.

Мажот бил појан и вооружен со секира, а мотив за инцидентот биле брачните недоразбирања помеѓу него и сопругата.

ВИДЕО | Заложничка драма во Санкт Петербург: Татко со секира ги држи шесте деца во стан, се заканува дека ќе ги убие

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот