ВИДЕО | Заложничка драма во Санкт Петербург: Татко со секира ги држи шесте деца во стан, се заканува дека ќе ги убие

Во стан во Колпино, предградие на Санкт Петербург, вооружен маж со секира држи во заложништво шест деца, јавуваат руските медиуми.

Извор од силите за безбедност за агенцијата РИА Новости изјавил дека мажот е во алкохолизирана состојба и дека полицијата ја контактирала неговата сопруга која не можела да влезе во станот.

Полицијата е во преговори и со мажот кој досега не испорачал ниту едно барање.

Агенцијата ТАСС пренесува дека се забарикадирал во станот со децата, а како причина за земање на децата како заложници се шпекулира со конфликт со неговата сопруга.

Лицето е идентификувано како 38-годишниот Денис Белтјоков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот