ВИДЕО | Во САД и Јапонија мраз, а Австралија погодена од топлотен бран

Австралија плажа/ Фото: amer ghazzal / Alamy / Alamy / Profimedia

Јужните делови на Австралија се на врвот на овогодинешниот прв топлотен бран. Како што пренесува Гардијан, во Аделаида температурата во текот на ноќта била 27,4 степени Целзиусови, додека Викторија ја имала најжешката ноќ во последните четири години. Во денови кога други земји како САД и Јапонија се справуваат со рекордно ниски температури, овие делови на Австралија се погодени од овој топлотен бран.

Утрото во Аделаида донесе температура од 38 степени.

Издадени се предупредувања за топлотен бран за Јужна Австралија, Викторија, Тасманија, Нов Јужен Велс и изолирани делови од Западна Австралија. Температурите се очекуваат од 8 до 16 степени над просекот.

Додека на север и запад од Мелбурн и Викторија во текот на денот највисоките температури се очекуваат да бидат помеѓу 37 и 41 Целзиусови степени, се предвидува и промена на времето што ќе донесе дожд со ветер до 90 километри на час во текот на утрешниот ден.

Силниот ветер и силните грмотевици може да претставуваат опасност за локалните жители, соопштија локалните синоптичари.

Најмалку 27 загинати во снежната бура во државата Њујорк, Бајден одобри итна помош

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот