ВИДЕО: Во Авганистан убиена влијателна политичарка

Мурсал Набизада/ Фото Твитер

Авганистанската политичарка и поранешна пратеничка Мурсал Набизада (32) и нејзиниот телохранител вчера биле застрелани во нејзината куќа во Кабул, соопшти полицијата.

Набизада била една од ретките пратеници кои останале во Кабул откако талибанците ја презедоа власта во август 2021 година, пишува Би-Би-Си.

Нејзиниот брат и уште еден чувар биле ранети при вчерашниот напад. Портпаролот на полицијата во Кабул, Калид Задран изјави дека безбедносните сили започнале сериозна истрага за случајот.

Поранешните авганистански политичари ја опишуваат како „бестрашен шампион на Авганистан која ја одбила шансата да ја напушти земјата“. Откако талибанците се вратија на власт во 2021 година, жените во Авганистан беа отстранети од речиси сите области на јавниот живот.

Поранешната пратеничка Маријам Солејманхил вели дека Набидаза била „силна, отворена жена која се залагала за она во што верувала, дури и кога се соочувала со опасност“.

„Иако и беше понудена можност да го напушти Авганистан, таа одлучи да остане и да се бори за својот народ“, напиша таа на Твитер.

Убиената поранешна пратеничка била член на собраниската комисија за одбрана и работела во Институтот за развој и истражување на човечки ресурси.

Европратеничката Хана Нојман на социјалните мрежи коментира дека е многу тажна поради убиството на Набизада. „Таа беше убиена во темница, но талибанците го изградија својот систем на родовиот апартхејд среде бел ден“, рече Нојман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот