ВИДЕО: Виулица отсече седум села во Србија, снежните наноси се високи неколку метри

Булдожер расчистува снег на пат / фото: Рина.рс

Невреме со снег и силен ветер целосно отсече седум планински села во српската општина Нова Варош, а во неколку од нив нема електрична енергија, јавуваат локалните медиуми.

„Повеќето патишта во селата Бела Река, Јасеново, Куќани, Божетиќи, Трудово, Драглица и Акмачиќи по синоќешните врнежи од снег се под снежна блокада. Силниот ветер предизвика наноси високи по неколку метри. Сите машини што ги имаме се на терен, а непроодните патишта мора да ги пробиеме до крајот на денот. Утре е голема слава, Свети Никола, многу луѓе слават, дури и локалните жители се вклучија со свои машини за да се исчисти снегот“, изјави за Рина.рс градоначалникот на Нова Варош, Радосав Васиљевиќ.

Според метеоролозите, можни се нови врнежи од снег во засегнатите области во текот на викендов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот