ВИДЕО | Венчавка од соништата? Индиски пар во сад за готвење пловеле по поплавите на големиот ден

Индиски брачен пар во поплавите на нивната венчавка/ Фото Twitter Screenshot

Индиски пар пристигнале на својата венчавка во необичен стил, откако пловеле низ поплавените улици во нивниот град во сад за готвење, откако обилните дождови направија хаос во јужната држава Керала.

Снимката споделена на социјалните мрежи покажува како младенците се стиснати во садот од алуминиум, додека двајца мажи и еден фотограф ги веслале по потопена улица.

Двојката наводно го позајмила садот од локален храм, додавајќи дека тоа е „единствената опција“ достапна за кратко време, објави локалната новинска агенција ПТИ.

Незагрижени од поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од обилните дождови во кои загинаа најмалку 27 луѓе низ целата држава, парот не беше подготвен да го одложи својот голем ден.

Снимките покажуваат како невестата и младоженецот пристигнуваат безбедни и суви во малиот делумно поплавен храм во Талавади, каде што разменувале цветни венци, традиција во многу хиндуистички свадбени церемонии.

„Се претвори во венчавка што никогаш не сме ја замислувале“, изјавила невестата за локалниот канал Азианет.

Двојката беше решена да ја помине церемонијата и покрај екстремните временски услови.

„Брод место автомобил“

„Требаше да резервирате брод наместо автомобил…“, може да се слушне како еден човек зборува во позадина на едно видео.

Според извештаите на локалните медиуми, сопругот и сопругата Акаш и Аишварија се двајца здравствени работници во болницата во Ченганур.

Обилните врнежи предизвикаа сериозни поплави и смртоносни свлечишта низ целата држава во последните четири дена. Реките се излеаја и мостовите и патиштата беа избришани – во некои случаи цели градови и села беа отсечени.

ВИДЕО | Oбилни дождови во Индија: Најмалку десетмина загинати и неколку исчезнати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот