ВИДЕО: Веќе седум дена илјадници Полјаци го искажуваат својот револт против забраната за абортус

epa08780653 People take part in a protest against the tightening of the abortion law in Krakow, southern Poland, 28 October 2020. Poland's Constitutional Tribunal on 22 October ruled that laws currently permitting abortion due to foetal defects are unconstitutional. Explaining its verdict, the court said that human life was of value in every development phase, and should therefore be protected by law. EPA-EFE/Art Service 2 POLAND OUT

„Call on me“ стана химна на протестите.

И покрај рекордните бројки со новозаразени од коронавирусот во Полска, одлуката на полскиот суд за дополнително ограничување на веќе рестриктивните прописи за абортус, со денови е мотив за граѓаните да излезат на масовни протести. И денес илјадници Полјаци ги искажуваат својот револт против оваа одлука. Многумина од нив влегоа и во црквите, по што полицијата ги предупреди демонстрантите да не напаѓаат верски објекти.

„Пекол за жените“, „Доста ни е“, „Одете по ѓаволите“, „Абортуси без граници“,“ Рацете ти се крвави“,“ Вистинската жена е заедничка работа“,“ Владата не е бременост, може да се отстрани како и „Ова е војна“, се дел од пораките на транспарентите со кои и жени и мажи ги носат на демонстрациите.

Во парот во Краков, демонстрантите нанижа редови на црна облека во знак на протест против одлуката на судот во Полска која дозволува само абортуси по инцест, по силување или во случај да се загрози животот на мајката која важи на национално ниво.

 

Корисниците на Твитер пишуваат дека песната на Ерик Прајдс „Повикај ме“ или „Call on me“ стана химна на протестите.

Масовните, претежно мирни, протести во Полска започнаа минатиот четврток, по судската одлука според која „Уставот не дозволува абортус поради абнормалности на фетусот“.

Кај нас, уште кон крајот на септември рестриктивните закони за абортуст во Полска, Литванија, Малта и Словачка, невладината организација Глас против насилство ги нарече перверзни и обесхрабрувачки за жените кои бараат прекин на бременост.

„Здравствената криза предизвикана од пандемијата со ковид-19 за милиони жени го зголеми ризикот од сексуално насилство и недостапна контрацепција и им го ограничи пристапот до безбеден абортус. Мерките на карантин придонесоа клиниките да се затворат или да работат со ограничени капацитети. Жените од земјите со рестриктивни закони за абортус не можеа да патуваат во соседните земји со либерални закони за да направат абортус бидејќи границите беа затворени додека, пак, пристапот во болнички услови беше ограничен со што за милиони жени прекинот на бременоста стана трка со пречки или невозможна мисија“ коментираа од невладината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот