ВИДЕО | Ужасна несреќа во Италија: Се судрија возило за брза помош и автобус со неколку деца, четворица мртви

Несреќа во Италија / Фото италијанска полиција

Вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа во тунелот Ка’Гулино, во градот Урбино, во централна Италија, пренесуваат италијанските медиуми.

Според локалниот весник, комбето на брзата помош влегло во лентата каде што се наоѓал автобусот и дошло до директен судир при што комбето се запалило. Починале сите четворица од комбето: тројца медицински лица и еден пациент кој бил пренесен во локалната болница.

Во автобусот имало деца на возраст од 7 до 11 години, придружувани од свештеник и неколку возрасни. Тие се враќале од патување.

Меѓу децата имало само неколку полесни повреди, но сите биле во шок. Некои плачеле и ги барале своите родители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот