ВИДЕО: Ужас на улиците во Рим по новогодишниот огномет: Иако многумина останаа дома граѓаните не послушаа едно важно правило

Граѓаните во Рим се разбудија во шок на првиот ден од Новата година. Стотици мртви птици ја покрија централната улица во Рим. И не, не е последица од 5 Г мрежа туку, според Меѓународната организација за заштита на животните, смртта на птиците е поврзана со силниот звук на огнометот и експлодираните петарди во област богата со дрвја во која многу птици прават гнезда.

Портпарол на оваа организација тврди дека е можно птиците да умреле од страв.

Птиците, за кои се верува дека се сколовранец, од семејството врапчиња, биле пронајдени во близина на железничката станица на крајот од Виа Кавур од возач кој објавил снимки од вознемирувачката сцена на Јутјуб.

Се смета дека дезориентираните птици умреле откако исплашени од експлозиите летале во прозорци и високонапонски електрични кабли веднаш по полноќ.

Инцидентот се случил за време на новогодишната забрана за употреба на пиротехнички средства што беше целосно игнорирана. Претходните години имаше бројни случаи на кучиња кои исплашени од петардите и огнометите бегаа од своите домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот