Такер Карлсон / фото: Flickr / Gage Skidmore

ВИДЕО | „Трипати го молев да не го напаѓа Иран“: Новинарот Такер Карлсон вели дека соработниците го лажат Трамп за војната

Американскиот конзервативен новинар Такер Карлсон откри дека во изминатиот месец трипати го посетил претседателот на САД, Доналд Трамп, во обид да го одврати од покренување воени напади врз Иран.

Карлсон истакна дека неговите обиди биле неуспешни бидејќи претседателот е опкружен со дезинформации.

„Летав за Вашингтон трипати во последниот месец за да се обидам да го убедам Трамп да не го прави тоа. Не успеа. Му предложив едноставно да прогласи победа по убиството на 86-годишниот верски лидер и да ги повлече силите, но некој го убеди во спротивното“, изјави Карлсон во својата емисија.

Според неговите сознанија, на Трамп му се сервираат „лажни анкети“ според кои војната е популарна во сооднос 90 спрема 10, што не соодветствува со реалното расположение на јавноста.

Карлсон додаде дека во Белата куќа постои „информативен вакуум“ и дека претседателскиот тим не е свесен колку е војната против Иран вистински непопуларна меѓу граѓаните.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот