трамп фото: принтскрин/јутјуб

ВИДЕО| Трамп: Конечно е, не можеме да даваме оружје на лудаци

Американскиот претседател денеска се закани со уништување на иранските електрани и мостови ако Техеран не го отвори Ормускиот Теснец до 8 април во два часот по средноевропско време, откако Иран ја отфрли можноста за прекин на огнот и ја нагласи потребата од „траен крај на војната“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека крајниот рок за Иран за склучување договор е конечен, откако Техеран денеска ги одби американските предлози за крај на војната, објавија светските медиуми.

Како одговор на предлогот на Пакистан од Соединетите Американски Држави за прекин на војната, Техеран ја отфрли можноста за прекин на огнот и ја нагласи потребата од „траен крај на војната, почитувајќи ги ставовите на Иран“.

Претходно денеска. американскиот портал „Аксиос“, повикувајќи се на американски, израелски и регионални извори, објави дека Америка, Иран и регионалните медијатори веќе разговараат за потенцијален 45-дневен прекин на огнот како дел од двостран договор што би можел да доведе до траен крај на војната.

Трамп денеска се закани со уништување на иранските електрани и мостови ако Техеран не го отвори Ормускиот Теснец до 8 април во два часот по средноевропско време.

Трамп изјави дека Иран не смее да има нуклеарно оружје, велејќи дека тоа „не може да се стави во рацете на лудаци“.

„Ќе продолжиме со бомбардирањата на Иран зашто не сака да се предаде и затоа прави голема грешка. Ако не го направат тоа, нема да имаат мостови и електрани, нема да имаат ништо. Да имав избор, јас би ја искористил американската воена моќ за да ја преземеме контролата врз огромните нафтени резерви на Иран, но нема голем интерес за таков потег кај американските избирачи“, рече Трамп.

Тој смета дека воената акција на крајот ќе им помогне на луѓето во Иран.

„Тие сакаат да слушаат бомби оти сакаат да бидат слободни. Единствената причина зошто Иранците не се на уличните протести е затоа што веднаш ќе бидат застрелани од режимот. Иранците ќе возвратат штом ќе знаат дека нема да бидат застрелани и штом ќе можат да добијат оружје. Да имаа оружје, иранскиот режим ќе се откажеше за две секунди“, рече Трамп.

Тој додаде дека е лут на иранската влада, која ќе плати висока цена за тоа.

„Иран не ги искористи шансите што му беа понудени да се заврши војната“, рече Трамп.

Трамп го одложи ултиматумот до Иран „за вторник во 20 часот по вашингтонско време“

Иран и САД пред договор за прекин на насилствата: Пакистан се вклучува во планот за прекин на огнот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот