ВИДЕО: Трајковски асистираше за голема победа на Хајдук против Динамо Загреб
Денеска во 10 коло од најквалитетната хрватска фудбалска лига составот на Хајдук Сплит со 1:0 дома го совлада Динамо Загреб.
Единствениот погодок беше реализиран во 59 минута кога стрелаше екс играчот на Работнички, Емир Сахити.
Почна акцијата на домаќините од голманот Лучиќ кој го пронајде македонскиот репрезентативец Александар Трајковски (го играше целото второ полувреме), а овој со глава асистираше до Сахити кој ја затресе мрежата на гостите.
Кај „модрите“ од 62 минута настапи повратникот во екипата Аријан Адеми.
Хајдук Сплит е на првото место со 21 бод, два повеќе од второпласираната Риека, а на третата позиција е Динамо Загреб со 16, со напомена дека актуелниот шампион на Хрватска има еден меч помалку.
Looking like it could be the perfect start to life at Hajduk for Aleks Trajkovski. An assist off the bench.
Hajduk lead Dinamo 1-0.
— Football Macedonia (@MacedonianFoot_) October 1, 2023