ВИДЕО: Трајкоски во Топ 5 одбрани на колото во Лига Европа!

Фото: rkeurofarmpelister.com

Еурофарм Пелистер со реми ја отвори европската сезона на домашен терен, откако во рамките од третото коло на Европската лига одигра 25:25 против швајцарскиот претставник Кадетен Шафхаузен.

Во салата „Боро Чурлевски“ – Битола македонскиот претставник во текот на мечот имаше и седум голови предност, но на крајот освои само бод.

ЕХФ денеска ги сподели најубавите пет одбрани на колото, а повторно во нивниот избор се наоѓа голманот на битолскиот клуб, Благојче Трајкоски.

На оваа листа се наоѓаат уште екс членот на Вардар 1961, Калифа Гедбан (Адемар Леон), потоа Адам Моравски (Висла Плоцк), Густаф Банке (Кристијанштад) и Сезар Аугусто Оливеира (Тулуз).

Во Топ 5 голови на третата рунда се наоѓаат Јонас Шелкер (Кадетен Шафхаузен), Валентин Порт (Монпеље), Лукас Мертенс (Магдебург), Симон Питлик (ГОГ) и Марин Мартиновиќ (Фајверс).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот