ВИДЕО | Тотенхем со одлична игра до победа против Манчестер Јунајтед во Лондон

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Aко Манчестер Јунајтед се извлече и освои три бода против Вулвс минатото коло, тоа не им успеа денес во дербито против Тотенхем.

Во рамките од второто коло во Премиер лигата Тотенхем го совлада Манчестер Јунајтед со 2:0 и така му го нанесе првиот пораз во сезоната.

Дербито во Лондон донесе интересен фудбал со шанси и на двете страни, а фудбалерите на Тотенхем успеаа да искористат две од нив. Донсоа и првите 45 минути интезивен фудбал со шанси, но мрежите мируваа. Тотенхем погоди пречка и статива.

Веднаш на стартот од вториот дел домаќините стигнаа до водство преку Сар кој во првиот дел пропушти одлична прилика. Темпото на Јунајтед падна во второто полувреме, па така не успеа да дојде до изедначувачки гол.

Точка на натпреварот беше ставен со автоголот на Лисандро Мартинез во 83. минута. За Тотенхем ова е прва победа во сезоната откако во првото коло ремизираше со Брентфорд 2:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот