ВИДЕО | Тодоров: Историјата и историските теми се исполитизирани и предмет на политичка злоупотреба

Петар Тодоров, член на Мешовитата историска комисија/Фото: Слободен печат

За предизвиците и притисоците со кои се соочуваат членовите на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовани прашања зборува во гостувањето на Утрински Брифинг, професор Петар Тодоров, кој е историчар и член на ова тело.

-Не се чувствувам комотен за да коментирам јавно политика и политички прашања. Двете страни сакаат да внесат нов дух за прашања кои се важни за луѓето од двете страни на границата. Неколку пати е кажувано од наша страна, за Комисијата неопходно е политичките елита да создадат атмосфера во која ќе може да работат историчарите, ослободена од секаков вид притисоци. Но, очигледно е дека има интерес за политичките прашања, за жал историјата и историските теми се исполитизирани кај нас и предмет на политичка злоупотреба, рече Тодоров.

За политичките злоупотреби Тодоров рече дека тие постојат и во други држави, но кај нас односно во регионот се пренагласени:

-Премногу слушаме историја од устата на политичарите, што не е случај за земјите кои сакаме да ги следиме по стандард на живеење. Кај нас премногу често политичарите ја земаат улогата на историчарите, а понекогаш и историчарите ја преземаат улогата на политичари, и во едното и во другото резултатот е катастрофа, рече Тодоров.

Тој зборуваше за принципите на работа на Мешовитата комисија од која зависи унапредувањето на македонско – бугарските односи.

-Ние како комисија кога го отворивме прашањето за учебниците и дури и за заедничките чествувања имавме наши предлози, наши забелешки и сме дебатирале околу тоа. Значи двете страни околу тоа се рамноправни, но што се случува после со Комисијата на политичко ниво понатаму, тоа од рамките на она што го работиме. Често може да види дека Комисијата е предмет на политичка злоупотреба во односите меѓу двете држави, односно се користи за да се напаѓа другата страна. Но за да може комисијата да даде резултати, двете страни треба да пристапат самокритично, а доколку го нема тој пристап комисијата е осудена на неуспех. Ние сме рамноправни и даваме многу конкретни забелешки за бугарското историско образование кое не третира нас како држава и како македонски народ, рече Тодоров.

Со оглед на тоа што во Мешовитата комисија имаше неколку промени, односно одредени членови – историчари си заминаа и на нивно место се донесени експерти од други области, Тодоров рече:

-Ова комисија нема намера да утврдува историски факти, туку да адресира прашања врзани со историското образование. Потребни се експерти и од други области, како антрополози и слично. Неисторичари имаме за тој момент на сеќавање, но тоа не значи дека немаме луѓе кои го познаваат тој период и кои не се консутираат со професори кои се специјалисти за тој период, дециден е Тодоров.

Целото интервју погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот