ВИДЕО: Тирана блокирана, пендреци и водени топови на протестот на албанската опозиција
Протестот под мотото „Или денес или никогаш“ организиран од опозициската Демократска партија, на Сали Бериша, поддржан од Партијата на слободата, на Илир Мета, од 17 до 19:30 часот целосно ја блокира Тирана.
Препорачано
Колони автомобили беа заглавени со неможност да се движат, а поради насилното однесување на учесниците во кое предничеа пратеници и партиски функционери, полицијата беше принудена да употреби солзавец и водени топови,
Дел од нив меѓу кои и Теди Блуши, генерален секретар на Партијата на слободата (ПС) и Бледион Налбати, демократски пратеник, се качија на хаубите на цистерни обидувајќи се да го спречат испуштање на водените млазеви.
Полицијата ги принуди да слезат, дојде до судир, по што приведени се повеќе учесници.
Протестот започна со тензии од првите минути, бидејќи полицијата се противеше на блокирање на улиците во главниот град, повторувајќи го преку мегафон предупредувањето дека блокирањето на слободното движење е казниво со закон.
Речиси идентичен, со насилно однесување, протест опозицијата одржа и на 29 минатиот месец. На протестите се бара формирање техничка влада, која ќе спроведе слободни избори и оставка на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, заради корупција.


