ВИДЕО: „Терминатор“ подари 500 мисирки за Денот на благодарноста

Instagram
Фото: Инстаграм

Познатиот актер Арнолд Шварценегер секоја година за Денот на благодарноста донира храна, И оваа година, без оглед на пандемијата, актерот подари 500 мисирки.

Актерот кој се прослави со улогата на Терминатор во истоимените филмови, секоја година за Денот на благодарноста се занимава со хуманитарна работа.

Се досега, за овој празник тој лично одел и носел храна во „Holenbek” центарот, кој се наоѓа во источниот дел на Лос Анџелес. Меѓутоа оваа година тоа не беше можно да се обави на таков начин.

Поради пандемијата, актерот одлучи да помогне така што ќе донира 500 мисирки.

Тој на својот Инстаграм профил објави видео, со следните зборови:

„Бидете благодарни, чувајте се и доколку сте во можност помогнете им и на другите. Секоја година донирам 500 мисирки во источен Лос Анџелес, во „Holenbek“ центарот“, напиша актерот и додаде:

„Оваа година не сум во можност во живо заедно да прославиме, но ги испратив мисирките. Како вие им помагате на другите за време на празниците?“, напиша актерот.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот