ВИДЕО | Судскиот спор меѓу Џони Деп и Амбер Херд доби филмска екранизација

Сцени од филмот „Сензационално: Судењето на Деп и Херд“ / Фото: Скриншот, Јутјуб

Беше прашање на време кога некој ќе го екранизира возбудливиот судски спор меѓу холивудската ѕвезда Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Филмската платформа Тјуби го објави првиот трејлер за филмот „Сензационално: Судењето на Деп и Херд“, инспириран од судењето на познатата двојка.

Актерската екипа ја сочинуваат Марк Хапка, кој ја игра улогата на Џони Деп, Меган Дејвис како Амбер Херд, Мери Кеги како адвокатката на Херд, Елејн Бредехофт, и Мелиса Марти како адвокатката на Деп, Камила Васкез.

Како потсетување, Деп поднесе тужба против Херд поради текст што таа го напиша за „Вашингтон пост“ во декември 2018 година.

Во текстот, таа се опиша себеси како „јавна личност која е жртва на семејно насилство“. Иако Деп не се споменува по име во текстот, тој ја тужеше Херд за тврдење дека е домашен насилник, барајќи отштета од 50 милиони долари.

Како одговор на тужбата, Херд поднесе противтужба, барајќи 100 милиони долари, тврдејќи дека претрпела „неконтролирано физичко насилство и малтретирање“.

Џони Деп со обелен образ: Поротата донесе пресуда на судењето со Амбер Херд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот