ВИДЕО | Стојанов: Левица е клучна за изборите во Штип

Одлука дали и кој ќе биде кандидат за градоначалник на Штип е во фаза на носење низ органите на Левица. До утре ќе имаме конечна одлука на президиум. Го гледаме јавниот интерес кој во овој момент се уште е сензитивен. Овие денови добивме некои анкети кои што ги правиме и можам да кажам дека рејтингот на Левица од парламентарните избопри до сега е дуплиран, изјави во Утрински брифинг универзитетскиот порфесор Трајче Стојанов од Левица.

– Претпоставуваме дека доколку би влегле во кампања во Штип тој би дошол до 10 -15%‚ поддршка што претставува сериозен политички багаж. Но нашата идеја не е само да влеземе во трката и да ги пореметиме сметките, туку да обезбедиме победа, да ја освоиме општината и со тоа да демонстрираме дека на локално ниво може да води успешни локални политики, изјави во Утрински брифинг универзитетскиот порфесор Трајче Стојанов од Левица.

-Левица по многу аспекти е атипична партија. Во раководството има луѓе со силна идеолошка провининенција. Тоа е лепакот на партијата. Не е тајна дека после двата пратеника имаше силни притисоци и врз партијата и врз пратениците и мислам дека само силната идеолошка убеденост ја додржаа нивната верба да останат на правиот пат, вели проф. Стојанов.

Целиот разговор со универзитетскиот професор Трајче Стојанов од Левица погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот