ВИДЕО | Статуата на Исус во Рио блесна во специјално издание во чест на Пеле

Фото: EPA-EFE/Antonio Lacerda

Фудбалскиот свет од вчера тагува по легендарниот Пеле кој ја загуби долгата битка со ракот и почина на 82-годишна возраст.

Името на Пеле значи многу во фудбалскиот свет, но тоа има посебно огромно значење во неговиот Бразил. Пеле ги предводеше „Кариоките“ до три светски титули и тој е единствениот фудбалер кој освоил три Мундијали.

Во изминатата вечер легендарната статуа на Исус во Рио Де Женеиро беше осветелна во боите на Бразил во чест на Пеле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот