ВИДЕО: Среќно момци во Бари, Македонија в сабота ќе го игра осминафиналето против Италија

фото: Слободен печат / Драган Митрески

Најдобрата македонска машка одбојкарска репрезентација ја оствари целта за првпат обезбедувајќи пласман меѓу најдобрите 16 селекции на европските првенства.

Претходно, на Европското првенство во 2019 завршивме на 17 место, а на континенталниот собир во 2021 ја освоивме 23 позиција.

Годинава Скопје ја имаше честа да биде домаќин на натпреварите од групата „Ц“ на Евроволеј 2023. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски со учинок од две победи и три порази се најдоа на четвртата позиција.

В сабота од 18.00 часот нашата репрезентација во Бари во осминафиналната фаза ќе игра против една од фаворитите за златниот медал, Италија.

Европско првенство во одбојка 2023 (мажи)
Осминафинале, двојки –

8 септември (петок)

16.30 часот Хрватска – Романија
19.30 часот Франција – Бугарија

9 септември (сабота)

16.30 часот Словенија – Турција
18.00 часот Италија – Македонија
18.00 часот Холандија – Германија
19.30 часот Португалија – Украина

10 септември (недела)

18.00 часот Србија – Чешка
21.00 часот Полска – Белгија

ФОТОГАЛЕРИЈА | Уште еден пораз кој не боли, Чешка не испрати на осминафинале со светските шампиони

ФОТОГАЛЕРИЈА | Уште еден пораз кој не боли, Чешка не испрати на осминафинале со светските шампиони

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот