ВИДЕО: Србија го совлада Порторико и обезбеди пласман во следната фаза на Мундобаскет

фото: EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Кошаркарите на Србија го одиграа и вториот натпревар на Светското првенство во кој исто така триумфираа овојпат над Порторико со 94:77.

На тој начин избраниците на селекторот Светислав Пешиќ обезбедија пласман во следната фаза.

Богдан Богдановиќ беше најефикасен во победничките редови со 17 поени (по пет скокови и асистенции), исто толку имаше и Никола Јовиќ, следени од Алекса Аврамовиќ со 15.

На спротивната страна доминираше Пинеиро со 14 поени, а еден помалку запиша Хауард.

Вториот триумф на Мундобаскет го оствари и селекцијата на САД која убедливо со 109:81 ја надигра Грција.

За Американците прв стрелец беше Остин Ривс со 15 поени (пет скокови, шест асистенции), а за Грците 17 коша забележа Георгиос Папајанис.

ВИДЕО: Лука Дончиќ блескаше и во втората победа на Словенија на Мундобаскет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот