ВИДЕО: Лука Дончиќ блескаше и во втората победа на Словенија на Мундобаскет

фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Најдобрите кошаркари на Словенија славеше и во вториот натпревар на Светското првенство и се пласираа во втората фаза. Словенците во првото коло ја победија Венецуела со 100:85, а во второто Грузија со 88:67.

Најефикасен кај Словенија повторно беше Лука Дончиќ со 34 поени, 10 скокови и шест асистенции.

На спротивната страна за Грузијците се истакна Сандро Мамукелашвили со 21 кош и седум скокови.

Во последното коло од групната фаза Словенија ќе игра против Зелен `Рт , а победа гарантира прво место во групата „Ф“ и златни бодови за втората фаза од натпреварувањето.

Во другите денешни мечеви: Кина – Јужен Судан 69:89, Венецуела – Зелен `Рт 75:81, Нов Зеланд – Јордан 95:87 (по 1 продолжение), Брегот на Слоновата коска – Иран 71:69.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот