ВИДЕО | Според вистинска приказна: Пристигнува нова морничава серија на Нетфликс

„Набљудувачот“ / „The Watcher“
Сцена од „Набљудувачот“ / Фото: Скриншот, Јутјуб

Нетфликс претстави уште една криминалистичка серија заснована на вистинита приказна. Имено, серијата „Набљудувач“ пристигнува на филмската платформа на 13 октомври, а во неа ќе биде екранизирана приказната за семејството Броудус, кое добивало морничави писма на адресата на новокупената куќа во Њу Џерси, САД.

Испраќачот не е пронајден и ден-денес, а во меѓувреме се појавија разни теории за можните виновници. Сторијата стана позната во 2018 година, а сега ја сними Рајан Марфи, создавачот на популарната серија „Американска хорор-приказна“. Главните улоги ги толкуваат Мија Фароу, Наоми Вотс, Боби Канавејл и Џенифер Кулиџ.

Во 2014 година, Марија и Дерек Броудус ја купиле својата „куќа од соништата“ за 1,3 милиони долари. Кога ја купиле куќата во Њу Џерси, тие биле спремни на тоа дека одвреме-навреме ќе имаат проблеми со соседите, но не можеле ни да замислат дека ќе доживеат вистински хорор. Само три дена по вселувањето, парот го добил првото писмо од „набљудувачот“.

„Најдраги нови соседи на булевар 657, сакам да ви посакам добредојде во населбата. Моето семејство го набљудува булеварот 675 со десетлетија и сега, како што се наближува 110-тиот роденден, јас сум на ред да набљудувам и да го чекам ‘второто доаѓање’. Дедо ми ја гледаше куќата во дваесеттите, татко ми во шеесетите. Сега е моето време“, се вели во заплашувачкото писмо. Писмото немало адреса на испраќачот, потпишано е само со „набљудувачот“.

Дури четири години по првото писмо, во 2018 година, Дерек одлучил да излезе во јавноста со морничавата приказна која им ги уништила животите.

„Бев депресивен – тоа е како рак. Понекогаш се будам среде ноќ и размислувам за тоа каков би бил мојот живот доколку ова не се случеше, раскажува тој.

Во меѓувреме, семејството успеало да ја продаде куќата, за помалку пари отколку што платиле кога ја купиле, а се обиделе и да ги тужат претходните сопственици затоа што не ги предупредиле за непријатностите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот