ВИДЕО | Спасовски: Еден од уапсените фалсификатори бил во секојдневна комуникација со Мицкоски

 Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, побарал од Обвинителството да ги испита сите активности за јавните настапи на опозицијата за неодамнешната акција во која беа уапсени фалсификатори на патни исправи.

„Ако нудите документи и докази, а тоа не го правите во Јавното обвинителство, се отвораат многу дилеми за кои треба да се даде одговор. Ако имаме предвид дека еден од уапсените е во тесна врска и секојдневни контакти со лидерот на опозицијата, тогаш се отвора сериозна дилема зошто тоа е направено...Дел од документите кои ги има ВМРО-ДПМНЕ се од институцијата МВР“, изјави Спасовски во Утрински брифинг.

Тој вели истрагата била водена повеќе од година дена со вклученост на стратешките партнери Интерпол од Лион и Интерпол Скопје.

„Во 2019 година за прв пат доставуваме барање до Јавното обвинителство за организиран криминал. Оттаму има укажување дека треба да се предаде предметот во ОЈО Скопје и започнуваат дејствијата кои значат обезбедување на доказите кои се потребни. Има многу мерки кои се спроведени во рамките на истрагата во кои наредби дава обвинителот. Дали се работи за операција за фалсификувани документи, дали за операција за сузбивање на шверц на дрога или оружје, дали е тоа движење на поединци или групи дел од тероризам, не се прекинува акцијата веднаш. Важно е да се истражи што поголем круг на инволвирани луѓе, да се види каде тие се движат, зошто ги користат овие патни исправи и тоа е опсежна меѓународна акција“, ја објаснува Спасовски акцијата.

Акцијата за апсење на фалсификаторите била планирана за реализација кога сите активности ќе биле подготвени со партнерите, но забрзана поради страв од саботажа. Во неа, како што вели Спасовски, биле уапсени и административци со повисок чин кои учествувале во изработка на нелегални патни исправи чија сума се движи и до 20.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот