ВИДЕО: Снегот ги изненади туристите во Египет

Фото: Twitter Screenshot

Популарното египетско летувалиште влезе во новата 2022 година, во едно необично време како за земја од тој регион. Снежната покривка донесена од ненадејна бура ги изненади жителите и туристите.

Туристите во египетскиот град Хургада биле воодушевени кога местото го зафатило невреме и на првиот ден од новата година донесе нешто што ретко може да се види таму – снег.

На социјалните мрежи се појавија снимки од луѓето кои трчаат кон своите хотели бегајќи од снегот и градот кои паѓале од небото.

Поради невремето затворени се и училиштата, а на граѓаните и на туристите им е препорачано да се држат настрана од објекти кои можат да бидат потенцијално опасни, како дрвја и улично осветлување.

ФОТО+ВИДЕО | Александрија обвиена во снег: „Дали е ова Египет или Европа?“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот