ФОТО+ВИДЕО | Александрија обвиена во снег: „Дали е ова Египет или Европа?“

Фото: Твитер

На социјалните мрежи се објавија фотографии и видеа од снегот кој падна во Александрија среде студениот бран што го зафати Египет.

„Дали е ова Александрија или Европа?“ напиша еден корисник на Твитер.

Управата за метеоролошки работи на Фејсбук објави фотографии од снегот од улиците на Александрија, поточно од пристанишните области Кармуза, Ал-Маншија и Александрија.

Директорот на Центарот за анализа и прогнозирање при египетската метеоролошка управа Махмуд Шахин ги предупреди граѓаните на нестабилност на временските услови.

Тој ги повика граѓаните да носат зимска облека и да возат внимателно, бидејќи минималната температура на воздухот ќе биде меѓу осум и 10 степени, а во подножјето на Синај температурата може да се спушти и до два степени под нулата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот