ВИДЕО | Скок во смрт: На камера снимено трагичното загинување на Колумбијка која скокна од мост, без да биде врзана

Јесенија Моралес Гомез трагично настрада, откако скокна од мост висок скоро педесет метри во колумбиската провинција Антиква.

Несреќната девојка погрешно го протолкувала сигналот за скок, а во исто време заборавила да се закачи на заштитното јаже. Таа отиде на банџи скокови во неделата со своето момче и планирале тој ден да скокаат заедно.

Во момент на расеаност, таа ја протолкувала поканата да скокне за неа, а не за нејзиното момче и скокнала од мостот. Нејзиното момче побрза да и помогне и да и даде вештачко дишење, но за жал, беше предоцна.

Пожарникарите кои дошле да и помогнат можеле само да констатираат смрт.

Густаво Гузман, градоначалник на општина Фредонија, за „Ел Темпо“ изјави дека девојката била збунета и дека тоа е причината за несреќата.

– Таа беше збунета. Сигналот беше за нејзиното момче, не за неа.

Го облече ременот, но не и јажето. Таа веројатно помисли дека јажето е автоматски прицврстено на ременот.

Обдукцијата покажа дека несреќната девојка имала срцев удар за време на скокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот