ВИДЕО | Скандал: Уапсен НБА кошаркар, ја тепал и давел неговата девојка

Фото: Screenshot

НБА кошаркрот од редовите на Хјустон, Кевин Портер Џуниор доцна синоќа бил уапсен во Њујорк под сомнеж дека физички нападнал жена.

Полицијата била повикана на интервенција во „Милениум Хилтон Плаза“ наутро во 6:45 часот. При доаѓањето на местото била пронајдена жена со рана на десната страна на лицето.

„Првичните информации од истрагата потврдија дека напаѓачот ја удрил неколку пати во телото, а потоа ги ставил рацете на нејзиниот врат“, стои во полицискиот извештај.

Жената била пренесена во болница, а медиумите шпекулираат и дека заработила скршеница на една коска.

„Во процес сме на собирање на информации за Кевин Портер. Засега не би можеле да дадеме повеќе информации“, објавија од Хјустон.

Кариерата Портер ја започна во Кливленд во 2019 година, таму помина две сезони, потоа во 2021 годијде во Хјустон. Неговата девојка исто така игра кошарка, а во овој момент е без клуб.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот