ВИДЕО | Симовски: Не сме толку необразовани колку што неинформирано се користат податоците од ДЗС

Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, за Утрински брифинг
Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика / Утрински брифинг

Државниот завод за статистика прослави 77 години од своето постоење, а вчера беше и Светски ден на статистиката.

-Ние како институција покажуваме резултати. Како институција се обидуваме во чекор да ги следиме трендовите во светот, но од друга страна немаме капацитет. Кај нас нема школа за статистика, има само предмети по статистика на одредени факултети, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, за Утрински брифинг.

Во рамките на европската статистика ДЗС има можности и испраќа вработени во Еуростат, но не премногу често од причина што немаме доволен број статистичари, информира директорот на ДЗС.

– Ние немаме доволен број обучени луѓе. Статистиката е занает и не мое без обука да се вклучат луѓе кои штотуку завршиле факултет и немале посебна обука, додава Симовски.

Во контекст на образованието, ДЗС вчера излезе со податоци поврзани со степенот на образованието. Станува збор за група на популација од 15 години па нагоре, што значи дека се вклучени и млади кои сѐ уште се во процен на гимназиско или средно школување, па, апелира Симовски, не треба да се смета дека општиот степен на образование е низок туку станува збор за лошо толкување на податоците.

-Најголем број од високо образованите сакаат да заминат во странство. А станува збор за млади луѓе оти кој би барал некој на поодмината возраст?, вели Симовски.

Тој додава дека нема поголеми разлики меѓу двата пописа по структурата на образование на населението. Голем број од популацијата има завршено само основно образование, но треба да се има предвид дека според движењето на населението, во земјата се останати повозрасни луѓе кои се школувале во време кога средното образование не било задолжително како што е сега, вели Симовски и додава дека ние имаме проблем со недостиг на млада популација.

Друг податок кој беше интересен е дека една третина од становите се невселени. Симовски вели дека причината за тоа може да биде иселувањето, но главно станува збор за инвестирање на заштедите на граѓаните во недвижнини.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот