ВИДЕО | Симеоне вчера не се ракуваше со Флик – избега во соблекувалната како некој да го брка
Атлетико Мадрид славеше победа на гости кај Барселона во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампиони со 2-0 и така си обезбеди предност за реваншот.
Препорачано
Каталонците останаа со играч помалку во 44. минута, откако Пау Кубарси заработи црвен картон, што гостите знаеја како да го искористат и да стекнат предност пред реваншот на „Ванда Метрополитано“ следната недела.
Ова беше прва победа на тренерот Диего Симеоне на „Камп Ноу“. Аргентинецот го презеде Атлетико во 2011 година и со клубот освои две титули во шпанското првенство, но досега немаше триумф на гостувањето кај Барселона.
Интересна беше неговата реакција по последниот судиски свиреж, веднаш истрча кон тунелот како да сакаше да побегне од теренот што побрзо.
🇪🇸🥶 Diego Simeone quickly rushed straight out of Camp Nou right after the final whistle. pic.twitter.com/idloMg0gFP
— Topskills Sports UK (@topskillsportuk) April 8, 2026
„Многу е тешко да се победи на овој стадион. Жал ми е што не им нанесовме уште поголема штета додека имавме играч повеќе“, изјави Симеоне.
Тој нагласи дека реализацијата била клучот за победата.
„Во фудбалот најважна е реализацијата, а ние денес бевме токму такви. На Барселона ѝ создаваме проблеми на секој натпревар, бидејќи знаеме дека играат со високо поставена одбрана. Секогаш создаваме многу шанси и постигнуваме голови против нив. Сигурен сум дека во реваншот ќе ни создадат многу проблеми“, порача стратегот на Атлетико.
ВИДЕО | Атлетико и ПСЖ со иста предност по првите мечеви од четвртфиналето во Лигата на шампионите


