ВИДЕО | Силни експлозии во Азовстал, Кулеба смирува: Челичарницата сè уште се држи
На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледаат повеќе силни експлозии во челичарницата Азовстал во Мариупол, јави Би-Би-Си.
Препорачано
Снимката е од MVD DNR, медиум на проруските сепаратисти во отцепената и непризнаена Народна Република Доњецк.
Повеќе од 100 луѓе успеаја да побегнат од Азовстал во изминатите неколку дена, но многумина останаа во комплексот кој хуманитарните спасувачки групи го опишуваат како „пекол”.
Кулеба: Азовстал сè уште се држи
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги отфрли руските тврдења дека јужниот град Мариупол сега е под целосна руска контрола.
Во директен пренос на Твитер, тој рече дека челичарницата Азовстал, која останува последниот џеб на украинските борци во градот, сè уште се држи.
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) May 4, 2022
Руските сили секојдневно ги напаѓаат борците и цивилите таму, вели тој, со бомбардирање и артилериски оган.
Неодамнешната евакуација на група цивили, под покровителство на ОН, од индустрискиот комплекс докажува дека „таму каде што има политичка волја на Русија, овој механизам може да работи”, рече Кулеба.
– Но, гледаме дека тие не сакаат да ги пуштат луѓето да си одат, и секој следен потег бара многу работа … и голем притисок врз Русија, додаде шефот на руската дипломатија.


