ВИДЕО: Што е љубов и како Дедо мраз ни пиша порака? Видео кое сигурно ќе ви го разубави денот!

За среќа е потребно малку, а децата тоа најдобро го знаат

Не постои ништо поискрено од детска мисла. Поставете им најкомплицирано прашање, а децата веднаш ќе најдат одговор кој можеби нема да биде точен, но сигурно ќе биде искрен. Во светот на возрасните искреноста не е секогаш присутна, па затоа задоволството да се биде покрај деца е големо. За таа детска искреност подоцна да стане доблест, треба да се внимава на начинот на кој се разговара со нив, да се сослушаат нивните потреби, да се препознаат нивните емоции и преку отворена комуникација да ги научат вистинските вредности на животот.

Приватната детска градинка „Литл Ми“ е препознатлива по тоа што има несекојдневни едукативни програми, богати со многу активности и практична настава адаптирана на потребите на секое дете и со тоа ја негуваат детската фантазија.

Тимот на „Литл Ми“ со децата има изградено посебен пријателски однос, воспитувачите и педагозите внимателно ја анализираат нивната перцепцијата за нештата кои ги опкружуваат и според тоа им организираат интересни вежби со едноставни прашања кои многу брзо ја будат детската креативност и искреност.

Што е среќа ? Прашањето е кратко и јасно, таков треба да биде и одговорот, иако ние возрасните би го искомплицирале. Но, затоа во продолжение ќе слушнете искрени детски одговори и широки насмевки кои ќе ви го разубават денот.

ШТО Е СРЕЌА ?

Ова е само една од активностите што тимот на „Литл Ми“ ги подготвува за децата, низ разговор со емпатија и едукација без притисок се создаваат здрави генерации. Особено се горди на нивниот уникатен спој од забава и учење во безбедна и грижлива средина.

Во серијалот „Литл Ми шоу“ е вложено многу љубов, а љубов е : – „кога се гушкаме, кога се бакнуваме, е тоа е љубов“!

ШТО Е ЉУБОВ ?

Од децата можеме да научиме многу, како на пример дека за среќа и љубов е потребно малку.


Спознорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот