ВИДЕО | Шеј Гилџес-Александер со 30 поени ја водеше Оклахома до израмнување во серијата
Оклахома се врати во серијата и со победа од 122-113 над Сан Антонио го израмни резултатот на 1-1 во финалето на Западната конференција во НБА-лигата.
Препорачано
Предводник на Тандерс беше Шеј Гилџес-Александер, кој по нешто поскромниот настап во првиот меч, овојпат одигра на ниво на најкорисен играч во сезоната и уфрли 30 поени. Голема поддршка доби и од резервистите, особено од Алекс Карузо кој постигна 17 поени, додека Чет Холмгрен додаде 13. Џаред Мекејн и Кејсон Волас средбата ја завршија со по 12 поени.
Клучна разлика на натпреварот беше придонесот од клупата и грешките на гостите. Кошаркарите на Оклахома доминираа со 57 поени од резервистите, а максимално ги казнија и загубените топки на Сан Антонио, претворајќи ги во 27 поени.
Кај Спарс, најефикасен беше Стефон Касл со 25 поени, Девин Васел реализираше 22, додека Виктор Вембањама забележа уште една импресивна партија со 21 поен, 17 скока, шест асистенции и четири блокади.
Сан Антонио во завршницата успеа да се доближи на само два поени негатива по тројката на Харисон Барнс за 99-97, но домаќините веднаш возвратија со серија од 11-0 и не дозволија неизвесен финиш, сигурно приведувајќи го мечот во своја корист.


