ВИДЕО: Шеф на италијанската мафија од невнимание кажал каде се крие

Италијански мафијаш по кого беше распишана меѓународна потерница е уапсен откако ги покажал своите кулинарски вештини преку Јутјуб.

Италијански мафијаш по кого беше распишана меѓународна потерница е уапсен откако ги покажал своите кулинарски вештини преку Јутјуб.

Италијанската полиција на овој начин го открила бегалецот Марко Ферена Клод Бјарт (53) така што ги следела снимките кои тој ги објавува Јутјуб, објави Би-Би-Си.

Иако го криел лицето, криминалецот заборавил да ги задскрие тетоважите. Бјарт бил член на мафијашката организација Ндрангта, а тој беше уапсен во Доминиканската Република минатата среда и треше да биде екстрадиран во Италија.

Тој е во бегство од 2014 година, кога беше издаден налог за апсење под обвинение за трговија со дрога во Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот