ВИДЕО: Шампионска партија на Милвоки

Илвоки бакс го доби дербито на Источната конференција против Филаделфија/ фото. EPA-EFE/PETER FOLEY

Милвоки бакс конечно заигра како што му доликува на актуелен шампион во новата сезона и со 118:109 ја совлада Филаделфија сиксерс.

По оваа победа, Милвоки има скор од пет победи и шест порази, додека Филаделфија има скор од 8-4.
Филаделфија на овој натпревар настапи ослабена со неиграњето на Џоел Ембид кој имаше позитивен тест на коронавирус, добро го започна натпреварот и имаше предност од 13 поени, но шампионот во третата четвртина направи пресврт и водството не го испушти до крајот.

Најдобар кај Милвоки беше Јанис Адетокумпо со 31 поен и 16 скокови. Грејсон Ален постигна 25 поени, а Боби Портид имаше дабл-дабл од 19 поени и 10 скокови.

Во редовите на Филаделфија се истакна Тајрис Мекси со 31 постигнати поен, а резервниот центар Андре Драмонд оствари дабл-дабл од 17 поени и 20 скокови.

Јута џез со 110:97 ја совлада Атланта хоукс и ја оствари осмата победа во 11. натпревар сезонава.
Со триумфот, Јута исто така ја прекина и серијата од два порази по ред поради кои ја загуби лидерската позиција на табелата во Западната конференција.


Донован Мичел со 27 поени и 18 Бојан Богдановиќ со 18 поени беа најдобри кај Јута, додека Ертер со 28 и Јанг со 27 поени беа најзабележителни во тимот на Атланта која  има скор од четири победи и осум порази.

ЛА Клиперс во натпреварот на претендите за плеј-оф со 117:109 го победи Портланд. Во отсуство на Каваи Ленард, прво име кај Клиперси беше Пол Џорџ со 24 поени и 9 скокови, додека кај Портланд се истакна Демиен Лилард со 27 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот