ВИДЕО | Сензација на Вимблдон: Руд по борба во пет сета елиминиран од британски аутсајдер!

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Британецот Лиам Броди ја направи првата сензација во машка конкуренција на Вимблдон откако денес го елиминираше Каспер Руд во меч со пет сета (6-4, 3-6, 4-6, 6-3 и 6-0) по скоро три ипол часа игра.

Британецот иако влезе како аутсајдер од почетокот му правеше проблеми на Руд и откако направи еден брејк повеќе го освои сетот со 6:4.

Руд во продолжение го подигна нивото на игра и следните два сета ги доби со 6:3 и 6:4, но кога сите очекуваа да влезе во сигурна завршница дојде до голем пад во неговата игра. Броди тоа знаеше како да го искористи и во последните два сета му дозволи вкупно само три гема.

Четвртиот за изедначување го доби со 6:3, а во последниот издоминира со 6:0. Во третото коло британскиот тенисер ќе се соочи со Денис Шаповалов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот