11 жртви во урнатата десеткатница во Иран/Фото: EPA-EFE/HOSSEIN ABDOLLAH ASL

ВИДЕО: Се пребаруваат урнатините на десеткатницата во Иран, извлечени 11 тела

Спасувачите досега извлекоа 11 тела од под урнатините на десеткатната зграда во Иран, а се стравува дека може да има повеќе жртви бидејќи голем број луѓе останале заробени.

Најмалку 39 лица се повредени, повеќето полесно, соопштија претходно официјални лица.

Во иранскиот град Абадан вчера се урна десеткатница во изградба. Делови од зградата паднале врз околните продавници и автомобили.

Полицијата го уапси градоначалникот и уште девет други лица. Претходно беше објавено дека се уапсени сопственикот на зградата и шефот на градилиштето, но медиумите подоцна објавија дека меѓу жртвите се и двајцата, иако тоа не е официјално потврдено.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси изрази сочувство и апелираше до локалните власти да го истражат случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот