ВИДЕО: Рутински триумф на Реал Мадрид над Хетафе

Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога против Хетафе/ фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Фудбалерите на Реал Мадрид го продолжуваат походот кон шампионската титула во Ла Лига откако во 31. коло славеа рутинска победа од 2:0 над Хетафе.

„Кралевите“ доминираа во текот на сите 90. минути, а до предност дојдоа во 38. минута преку Каземиро кој ја искористи асистенцијата на Винисиус Жуниор.


Победата ја завери Лукас Васкез во 68. минута, по што „кралевите“ рутински го доиграа натпреварот и се „зачуваа“ од евентуални повреди пред реваншот од четвртфиналето во ЛШ против Челси.

По новиот триумф, Реал Мадрид сега има 72 бода, 12 повеќе од второпласираната Севиља, додека Барселона има 57 бода и два натпревари помалку. Хетафе пак, се наоѓа на 14 место на табелата со 32 бода.


Атлетико Мадрид доживеа минимален пораз на гостувањето кај Мајорка и си ја закомпикува ситуацијата околу освојувањето на четвртото место на табелата. Атлетико сега има 57 бода за четврто место, додека Бетис има бод помалку на петтата позиција.
Единствениот гол на натпреварот го постигна косовскиот репрезентативец Ведат Муричи во 68 минута од пенал.

Фудбалерите на Виљареал со мислите како да беа на реванш натпреварот од четвртфиналето во ЛШ против Баерн Минхен во вторник и пред своите гледачи одиграа 1:1 против Атлетик Билбао.
Гостите поведоа во 43 минута преку Гарсија, а Виљареал до бод дојде во 60 минута кога погоди Алфонсо Педраза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот