Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

ВИДЕО: Роналдо сепак не е најдобар голгетер на светот!?

Во текот на вчерашниот ден фудбалскиот свет го славеше Кристијано Роналдо кој постигна гол во освојувањето на италијанскиот Суперкуп на Италија против Наполи, вкупно деветти трофеј за „Старата дама“ во ова натпреварување.

Луѓето одговорни за статистиките веднаш излегоа со тврдења со неговиот 760 погодок членот на Јуве стана светски рекордер.

Австриско-чешкиот фудбалер Јозеф Бикан постигна 821 гол на официјални натпревари, а не 759, што значи дека Португалецот не е нов рекордер, соопшти Фудбалската федерација на Чешка.

– Одборот за историја и статистика на нашата федерација ги изброја сите голови кои ги постигна легендарниот Јозеф Бикан и можеме да соопштиме дека постигна 821 гол на официјалните натпревари – велат од чешката фудбалска федерација.

Бикан играше во периодот од 1931 до 1955 година, најмногу за Славија од Прага и Рапид Виена. Воедно настапуваше за репрезентациите на Чешка и Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот