ВИДЕО | Роналдо беше капитен, Емери го сруши Манчестер Јунајтед

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер Јунајтед денес им приреди ново разочарување на своите навивачи, „црвените ѓаволи“ на свој терен беа поразени од Астон Вила со 3:1.

Кристијано Роналдо натпреварот го започна од првата минута и тоа беше капитен на својот тим, но немаше причина за радост. Од друга страна Унаи Емери кој го наследи Стивен Џерард има фантастичен почеток на клубот од „Вила Парк“. Натпреварот беше отворен уште во седмата минута кога Бејли ја погоди мрежата на Јунајтед. Се уште се немаа оправено од првиот шок, а за фудбалерите на Тен Хаг стигна нов.

Лука Дињ во 11-та минута со мајсторски гол од слободен удар зголеми на 2:0. До крајот на првиот дел Манчестер Јунајтед успеа да го намали резултатот со автоголот на асистентот при првиот гол за Астон Вила, Рамзи. Истиот играч на самиот старт на второто полувреме се поправи и донесе водство од 3:1. Тој резултат на крајот се покажа и како конечен.

За Унаи Емери ова беше прва победа во неговиот мандат на Астон Вила, но и дефинитивно најголемиот триумф за овој клуб во текот на сезоната. Во останатите натпревар Њукасл со 1:4 беше подобар од Саутемптон, а Кристал Палас на гости кај Вест Хем славеше со 1:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот