ВИДЕО: Рома убедлива против Сервет, без проблеми за Ливерпул и Баер Леверкузен во Лига Европа

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Рома на домашен терен ја победија екипата на Сервет со 4:0 во натпреварот од второто коло од групата „Г“ во Лига Европа.

Во тимот на Рома двапати погоди Белоти во 46 и 59 минута, додека по еден гол запишаа Лукаку во 21 и Пелегрини во 52 минута.

Ливерпул на домашен терен во групата „Е“ го победи Унион Ројал со 2:0 со головите на Гравенберх во 44 минута и Диого Жота во судиското надополнување (90+2`).

Фаворитската улога ја оправда и Баер Леверкузен кој со 1:2 славеше кај Молде. Германците стекнаа позитива со головите на Фримпонг (14`) и Тела (18`), а Норвежаните само го ублажија поразот во 87 минута преку Бреивик.

Лига Европа
Второ коло, резултати –

Група „А“: ТСЦ – Олимпијакос 2:2, Фрајбург – Вест Хем 1:2
Група „Б“: АЕК – Ајакс 1:1, Марсеј – Брајтон 2:2
Група „Ц“: Бетис – Спарта Прага 2:1, Арис – Ренџерс 2:1
Група „Д“: Спортинг – Аталанта 1:2, Ракув – Штурм 0:1

Група „Е“: Ливерпул – Унион Ројал 2:0, Тулуз – Ласк 1:0
Група „Ф“: Макаби Хаифа – Панатинаикос 0:0, Виљареал – Рен 1:0
Група „Г“: Славија – Шериф 6:0, Рома – Сервет 4:0
Група „Х“: Молде – Баер Леверкузен 1:2, Хакен – Карабах 0:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот