ВИДЕО | Рио Фердинанд: Не може врвен стрелец со 24-25 гола по сезона да биде на клупата

Рио Фердинанд застана во одбрана на Кристијано Роналдо/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Кристијано Роналдо од клупата го гледаше дербито во Манчестер и поразот на Јунајтед од 6:3 против Сити, а менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хаг изјави дека не играше Португалецот од почит кон неговата голема кариера.

По натпреварот Рој Кин го критикуваше Јунајтед за тоа што му го прави на Роналдо, а потоа се појави информација дека клубот од „Олд Трафорд“ е подготвен да дозволи португалскиот репрезентативец да си замине од тимот во следниот преоден рок. Но, сега познатите поранешни фудбалери Рио Фердинанд и Џејми Карагер влегоа во судир за португалската ѕвезда на социјалните мрежи.

ФОТО | Мегваер е мајстор да ги налути навивачите – му успеа и од клупата!

Фердинанд, поранешен играч на Манчестер јунајтед, уште еднаш јавно застана во одбрана на Роналдо, а неговото појавување на подкаст го искористи не само да каже што мисли за Португалецот, туку и потоа да го „пецне“ Карагер.

– Не може твојот најдобар стрелец кој постигнува 24-25 гола по сезона да биде на клупата. Жал ми е. Луѓето постојано зборуваат за тоа. Слушнав дека Рој Кин го кажува она што го кажа и целосно се согласувам. Зошто сме толку загрижен за тоа што играчите не прават на теренот? Во што е добар? Најтешката работа во фудбалот е да постигнеш гол. А овој човек го прави тоа можеби и најдобро од сите – беше мислењето на Рио Фердинанд.

Фердинанд исто така застана во одбрана на својот поранешен соиграч со порака на Твитер: „Кара, уште ли се лутиш што не ти подаде рака на Олд Трафорд?“, потсетувајќи го Џејми Карагер на ситуацијата пред натпреварот Јунајтед-Ливерпул.

Но, овие зборови, кои се во спротивност со она што претходно го кажа Џејми Карагер, наидоа на реакција на поранешниот дефанзивец на Ливерпул, кој сега е стручен консултант.

– Не, воодушевен сум што стана вирално. Рио, знам како функционираат овие работи. Тој е твој пријател и ти и (Патрис) Евра, а вие сте во група на „Вотсап“ и тој ве замолува да излезете и бидете во негова одбрана. Не биди негов фан, ти си Рио Фердинанд e*ате – напиша Карагер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот