ФОТО | Мегваер е мајстор да ги налути навивачите – му успеа и од клупата!

Реал Сосиедад - Манчестер Јунајтед/ 8 септември/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Хари Мегваер не играше во дербито на Манчестер, но повторно успеа да ги разочара фанвоите и да добие низа критики.

Дефанзивецот заработи повреда во натпреварот за Англија, па затоа го пропушти натпреварот против градскиот ривал. Манчестер Јунајтед против Сити доживеа вистински дебакл, уште на полувремето „граѓаните“ водеоа со 4:0.

Во еден моемнт на семафорот стоеше 6:1 и тоа секако беше ужасна слика за сите фанови на „црвените ѓаволи“, а како „сол на раната“ дојде и сликата од Хари Мегваер. Имено, фоторепортерите на теренот го „уловија“ англискиот репрезентативец како се смее.

Ваквата негова реакција секако му донесе дополнителни критики, кои и онака ги добиваше после скоро секој одигран натпревар. Во последните десетина минути од дербито Јунајтед успеа со двата гола на Марсијал колку-толку да го ублажи дебаклот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот