Тен Хаг: Не сакав да го внесам Роналдо од почит кон неговата голема кариера

Кристијано Роналдо од клупата го гледаше дербито на стадионот „Етихад“/Манчестер, Британија/2 октомври 2022/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер јунајтед доживеа дебакл (6:3) во градското дерби против Манчестер сити, а многумина беа заинтригирани зошто Кристијано Роналдо не влезе во игра.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“ Ерик Тен Хаг откри зошто португалската суперѕвезда не одигра ниту една минута.

– Нашиот настап беше неприфатлив. Навистина не очекував вакво нешто, ниту можев да замислам. На претходните натпревари нашиот тим покажа напредок, добра атмосфера и посветеност. За жал, ништо од тоа денеска не пренесоа на терен. Кога играте против играчи од врвна класа како Манчестер сити, треба да го дадете најдоброто од себе. Тоа денеска не го покажавме, што е недозволиво. Не сакав да го внесам Роналдо во игра од почит кон него и неговата голема кариера – рече Тен Хаг.

Потоа, холандскиот стратег даде коментар и за Марсијал, кој доби шанса од клупата:

– Со него ситуацијата е поинаква. Сакав да го внесам бидејќи му треба минутажа и видовте како играше – вели Тен Хаг.

Роналдо цел натпревар на својот клуб седеше на клупата, додека Ентони Марсијал во игра влезе во 59 минута наместо Маркус Рашфорд. Французинот постигна два гола за Јунајтед, негови први по едногодишен пост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот