ВИДЕО | Ребека по 15 години проговори за Тоше: Пејачката откри интересни детали!

тоше проески
Тоше и Ребека / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Нашата пејачка Ребека Јанковска Ристески гостуваше во емисијата „Бекстејџ“ каде си ја отвори душата за проблемите со здравјето на нејзиниот син, но, а имајќи предвид дека вчера му беше роденден на нашиот Тоше, таа се присети и на бројни случки со него.

Ребека по 15 години проговори за Тоше Проески

„Јас 15 години зборував со моите пројатели, со моите блиски честопати за Тоше. Бевме пријатели и колеги, настапувавме многу често заедно“, вели Ребека.

Кога ја слушнала веста за ненадејната смрт на Тоше, мислела дека станува збор за лоша шега, за лажни вести…

„Тогаш само што се роди Маркијан, бев во големи приватни проблеми. Тогаш се соочивме со болеста на мојот син… Во секој случај јас и денес со многу тешкотии го слушам, многу ми е тешко“, вели Ребека.

Многу необични случки

„Многу беше интересно што Тоше кога патувавме, еве конкретно кога бевме во Лондон, бевме таму четири вечери. Една вечер ни беше концертот, потоа бевме слободни. Кога требаше да излеземе да прошетаме низ Лондон, едвај го натерав да излезе, му тропам на врата во соба му викам: „Тошка ајде излегувај, доста со тоа плејстејшнот“. Многу сакаше да игра плејстешјн и секаде го носеше со него“, откри Ребека велејќи дека на едно патување за Австралија Тоше купил дури десет видео игри.

Целото интервју можете да го видите овде:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот